Лидија Вукичевиќ – попровокативна отколку во својот кревет (фото/видео)

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лидија Вукичевиќ  – попровокативна отколку во својот кревет (фото/видео)

Неодамна таа сподели фотографија во долна облека од својот кревет, а деновиве познатата актерка решила да ги посети спа-центрите на Фрушка Гора, па од таму објави фотографии кои привлекоа големо внимание.

На една од нив, актерката е потпрена на дрвена ограда во близина на еден од базените што ги посетила и замислено гледа во далечината додека позира во кралско сино бикини. Фотографијата за помалку од еден ден доби 14.000 „допаѓања“ а коментарите го преплавија Инстаграм.

Актерката Даница Максимовиќ и пејачката Индира Радиќ беа само дел од оние кои ентузијастички реагираа на најновата објава на актерката.

Актерката исто така објави и видео на кое се гледа како се радува на снегот. Како придружба на своите радости на снегот, Вукиќевиќ ја поставила популарната песна „Цвеќиња“ на Мајли Сајрус. Песната привлече големо внимание во јавноста бидејќи се работи за нумера која, наводно, им е упатена на поранешните љубовници со јасна порака дека жената може сама сè, па изгледа дека Лидија се препознала во неа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата