Норвешкиот пензиски фонд лани изгубил дури 152 милијарди евра

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Норвешкиот пензиски фонд лани изгубил дури 152 милијарди евра

Нагласуваат за негативното влијание на војната во Украина, високата инфлација и зголемените каматни стапки на инвестициите во акции и обврзници.

Норвешкиот пензиски фонд е основан во 1996 година и ги инвестира приходите од нафта и гас во акции, обврзници и недвижен имот. Тој е меѓу најголемите во светот, со средства под управување во вкупна вредност од 1,2 трилиони долари.

Во 2022 година забележале загуба од инвестиции од 1,64 трилиони круни (152 милијарди евра), најголема од неговото основање. Неговата најлоша година досега била 2008, кога финансиската криза го достигна својот врв, предизвикувајќи загуба на инвестиции од 633 милијарди круни.

Повратот на инвестицијата во 2022 година изнесува минус 14,1 отсто, известија денеска. Најлош резултат донеле вложувањата во акции, со принос од минус 15,3 отсто. Блиску се и инвестициите во обврзници со поврат од минус 12,1 отсто. Позитивен принос донеле инвестициите во недвижен имот од скромни 0,1 отсто и во проектите за зелена енергија од 5,1 отсто.

„Пазарот беше погоден од војната во Европа, високата инфлација и порастот на каматните стапки. Ова имаше негативно влијание и на берзата и на пазарот на обврзници, што е многу невообичаено“, објаснил извршниот директор Николај Танген.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата