Лацио го „растури“ Милан и го турна Наполи кон Скудетото (ВИДЕО)

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио го „растури“ Милан и го турна Наполи кон Скудетото (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио го совладаа Милан со 4:0 на „Олимпико“ во дерби натпреварот од 19. коло на италијанската Серија А. Римјаните предводени од капитенот Сергеј Милинковиќ Савиќ вечерва блеснаа, а убедливиот триумф над актуелниот шампион Милан го израдува и лидерот Наполи, кој по ова коло има дури 12 бода повеќе од „росонерите“.

Со оваа победа Лацио се искачи на третото место и сега заостанува само еден бод зад Милан.

Головите за Лацио ги постигнаа Сергеј Милинковиќ Савиќ (4’), Закањи (38’), Луис Алберто од пенал (67’) и Фелипе Андерсон (75’).


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата