Турција на неодредено го одложи состанокот со Шведска и Финска

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција на неодредено го одложи состанокот со Шведска и Финска

Средбата што требаше да се одржи во февруари во Брисел е одложена на барање на Анкара, објави ТРТ повикувајќи се на турски дипломатски извори. Портпаролот на турскиот претседател Таип Ердоган на почетокот на месецов изјави дека на тој состанок ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор од турското претседателство изјави дека Турција не ја откажала, туку ја одложила средбата, без да прецизира кога. Ердоган вчера изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за пристапување во НАТО по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм каде беа запалени копии од светата книга на исламот.

Минатата година Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор, по почетокот на руската инвазија на Украина, но за тоа им е потребна поддршка од сите членки на НАТО, вклучително и Турција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата