Холандски десничар го кине Куранот и гази по листовите (ВИДЕО)

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холандски десничар го кине Куранот и гази по листовите (ВИДЕО)

Едвин Вагенсвелд, лидерот на екстремно десничарското движење Пегида во Холандија, искина страници од Куранот и ги газеше во неделата во близина на холандскиот парламент. Полицијата го набљудувала неговиот настап, но не интервенирала.

„Се работи за слободата на изразување и мислам дека тоа треба да биде возможно во Холандија“, рече Вагенсвелд. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека го осудува „гнасниот напад“, за кој велат дека е доказ за исламофобија, дискриминација и ксенофобија во Европа, пренесува Асошиејтед прес.

Турција очекува холандскиот амбасадор да преземе конкретни мерки на претпазливост за да спречи слични настани во иднина, а холандските власти да преземат конкретни мерки против Вагенсвелд. Односите меѓу Турција и Холандија се влошија во 2017 година кога холандските власти им забранија на турските власти да водат кампања за референдум меѓу турската дијаспора таму.

Сличен протест се одржа минатиот викенд во Шведска, каде екстремно десничарски антиисламски активист запали Куран пред турската амбасада во Стокхолм. Турција остро го осуди тој чин и Шведска што ги дозволила протестите, а Ердоган рече дека Шведска нема да добие поддршка од Турција за нејзината кандидатура за НАТО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата