Кавадарци – прва општина која субвенционирафизички лица за купување и инсталирање на фото напонска електрична централа

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кавадарци – прва општина која субвенционирафизички лица за купување и инсталирање на фото напонска електрична централа

Општина Кавадарци е прва општина која објави јавен повик за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фото напонска електрична централа за производство на електрична енергија до 6 kW.
На денешната прес конференција градоначалникот Митко Јанчев информира дека со субвенциите ќе се покрива 30% од инвестицијата, но не повеќе од 90.000 денари. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Јанчев нагласи дека одлично функционираат фото напонските централи поставени на општинските институции и е целосно оправдана ваквата инвестиција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата