Теа Таировиќ призна дека има симпатија

24.01.2023
Vesnik.com
Теа Таировиќ призна дека има симпатија

Иако важи за една од најпосакуваните пејачки на естрадата, Теа Таировиќ тврди дека нема момче, но има, како што вели, симпатија.

И се допаднал еден фудбалер кој го забележала на телевизија.

– Сама сум. Некогаш треба да сретнеш некого некаде за да не бидеш сам. Јас немам време. Имам симпатија од телевизија. Еден спортист е во прашање, фудбалер. Не се знаеме, тој е многу помлад од мене. Има 20 години – открива Теа за „Хајп“.

Инаку, ова не е првпат на Теи Таировиќ да и падне во око некој спортист, минатата година и се допадна кошаркар кој исто така е помлад од неа.

– Имам симпатија, станува збор за кошаркар кој никогаш не сум го видела во живо. Ќе ви кажам само дека е шест години помлад од мене и дека тоа е платонска љубов – изјави тогаш таа за „Информер“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;