Од денеска, секој вторник граѓаните на Гази Баба може да му поставуваат прашања на Стефковски

24.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од денеска, секој вторник граѓаните на Гази Баба може да му поставуваат прашања на Стефковски

Почнувајќи од денеска, па секој нареден вторник во период од 18:00 до 20:00 часот, секој граѓанин ќе има можност да постави прашање до градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на кое во истиот временски период ќе добие одговор.

Ова го најави Стефковски додавајќи дека во 18 часот денеска ќе биде објавам линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да го постави своето прашање.

Целта на оваа нова алатка е да го слушнам секое прашање, проблем или мислење од граѓаните, бидејќи се што доаѓа од народот, заслужува внимание. Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми. Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните – истакна Стефковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата