(Видео) Поплави во Белград, водата навлезе и во автобусите

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Поплави во Белград, водата навлезе и во автобусите

Ветрот откорна дрвја, а обилните врнежи ги преплавија улиците во Белград. Водата навлезе дури и во градските автобуси.

По големото невреме, патниците на линијата 37 во Белград, го опишаа искуството како „речен сообраќај“.

Автобусот е снимен како се пробива низ водата која навлегува во возилото и го затресе. На социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои возилата пловат по водата во една од белградските улици.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата