Дел од јавните паркинзи во Скопје без наплата за божиќните празници

5.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дел од јавните паркинзи во Скопје без наплата за божиќните празници

За време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, информираат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни
за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година.

Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, пак, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите, се наведува во соопштението на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата