Експлицитна фотографија на една од најубавите жени во бивша Југославија(фото)

23.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлицитна фотографија на една од најубавите жени во бивша Југославија(фото)

Тања Бошковиќ се смета за една од најубавите жени во некогашна Југославија. Таа сега е на прагот од 8-мата деценија, годините оставиле трага на нејзиното лице, но многумина би се согласиле дека убаво ѝ прилегаат и дека не се променила драстично.

На социјалните мрежи се појави фотографија од нејзината младост, стара 40 г. На неа се гледа дека убавината, држењето, ставот, отсекогаш ја краселе оваа актерка. Нејзините обожаватели забележаа дека таа старее природно и достоинствено, дека речиси ништо не променила, а брчките на нејзиното лице ѝ даваат одредена црта на сериозност. Многумина прокоментираа дека таа би требало да им биде пример на многу млади девојки.

Своевремено, актерката ја откри тајната за својата убавина и испрати силна порака до младите девојки: – Жал ми е за убавите девојки кои имале потенцијал, но направиле толку многу операции и сега личат на пластични виршли. Што се однесува до мене, цел живот се смеам и секаде одам пеш, тоа е тајната на мојата убавина – одговорила познатата актерка.

Обожавателите не останаа неми на изгледот на Тања Бошковиќ од почетокот на нејзината кариера, каде таа позирала без шминка, со мокра коса и во бордо бикини.

– Извонредна убавина, неверојатно тело! Убедливо најдоброто тело досега на филмското платно во Југолавија и Србија! Благодарност до Лордан Зафрановиќ што ја стави гола на плакатите секаде низ Пула и Белград во 1978 година, кога Белград навистина беше свет, а Тања беше меѓу трите најубави жени во светот, веднаш до Урсула Андрес! – е само една од реакциите на Инстаграм профилот на Домашна кинематографија („damaca_kinematografija“) на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by milos luzanin (@milosluz)

Можеби причината е што Тања во постот, молитвата и планинарењето нашла мир како ретко кој. Таа своевремено се осврна и на фактот дека е меѓу ретките личности кои можат да се пофалат со исклучително здравје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата