Се појавија деталите за НОВИОТ Samsung Galaxy S23

13.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се појавија деталите за НОВИОТ Samsung Galaxy S23

Уредите од серијата Galaxy S редовно се меѓу најдобрите паметни телефони на пазарот.
Како што се наближува датумот на претставување на новата генерација на најмоќните смартфони на Samsung од серијата Galaxy S, на интернет кружат се поголем број гласини за овие уреди. Неодамна се појавија нови информации за моделот Galaxy S23 Ultra, благодарение на кои сега знаеме речиси се за најдобриот телефон од новата серија.

Samsung Galaxy S23 Ultra, според овие информации, би требало да има голем екран со дијагонала од 6,8 инчи и резолуција од 3088 x 1440 пиксели, а ќе биде придвижуван од чипсет Snapdragon 8 Gen 2, во комбинација со 8GB или 12GB RAM. .
Исто така, корисниците ќе можат да избираат помеѓу 256GB, 512GB и 1TB простор за складирање податоци, што ќе зависи од цената на уредот.

Љубителите на фотографијата секако ќе ја најдат најважната информација дека телефонот ќе има главна камера со резолуција од дури 200 MP, како и три дополнителни камери на задната страна на телефонот - широкоаголни 12MP, камера од 10MP со троен зум и камера од 10MP со дури 10x зум.

Капацитетот на батеријата е 4855 mAh, а меѓу другото телефонот доаѓа со сензор за отпечатоци сместен под екранот. Димензиите на уредот се 163,4 x 78,1 x 8,9 mm, а тежи 233 грама.

Ultra ќе биде најсилниот модел од оваа серија, а покрај него можеме да очекуваме уште два модели од истата серија - S23 и S23 Plus. Некои претходни гласини сугерираа дека презентацијата на овие уреди може да ја очекуваме на крајот на оваа година, но се чини дека тие гласини не беа точни, Samsung најверојатно ќе ги претстави на крајот на февруари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата