Ова видео, сите мора да го погледнете.
Ова не е несовесен возач, ова е локалец и не е залутан, оти знае како вози по трета лента обратно, со добра кола кој сака да се направи фраер и да стигне некаде побрзо, да докаже некому - дека сака да не усмрти сите со него.
Човек кој е во нужда, не вози вака и не загрозува среде бел ден десетици туѓи животи. Се работи за автопатот Скопје - Тетово. Таму вака возат, тие...
Во спротивна насока на автопат, кај бензинска пумпа 7 Браќа на излез од Скопје кон Тетово. На брза лента и со +100 km/h , иако му беше сигнализирано дека е во грешка си продолжи како ништо да не му значи.
Видеото е снимено во петокот, на него има и време и место и регистарски таблички, за да може МВР да си ги преземе сите мерки.