ЛОВЕА РИБИ среде улица во Долно Лисиче и му испратија јасна порака на Златко Марин (ФОТО)

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛОВЕА РИБИ среде улица во Долно Лисиче и му испратија јасна порака на Златко Марин (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија од населбата Долно Лисиче, каде не остави никого рамнодушен особено жителите на ова населено место.

Станува збор за фотографија од една улица во населбата која ја има заборавено очигледно градоначалникот на Аеродром Златко Марин.

Жителите по повод „кратерите“ на улицата излегоа со трски и започнаа да ловат риби во водата која наликува на бара среде населба во која сообраќајот е отежнат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата