Вучиќ: Нема да има насилно преземање на власта

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Нема да има насилно преземање на власта

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема поважни работи од тоа земјата да се обнови, да му се помогне на народот на Косово да ја сочува својата безбедност, но порача и дека нема да има насилно преземање на власта во Србија.

„Не дојдов да зборувам лошо за некого, ни за оние кои не навредуваат секој ден, ни за оние кои ни се закнуваат со ќотек и долги цевки, нека се закнуваат колку сакаат, но ви велам, насилно преземање на власт во Србија, претепување луѓе, убивање лушенема да има, како што и немало никогаш“ порача Вучиќ на митинг во Зајачар, во рамки на кампањата „Иднината на Србија“.

Тој додаде дека кога повикуваат на разговор за компромис, од косовската страна викале дека нема компромис и барале само да се признае Косово.

„Но така не се разговара со Србија денеска. Така можевте во 2008 и 2006 година кога Црна Гора се одвои. Доста е, нема повеќе одвојувања, време е Србија да се обедини“ нагласи Вучиќ.

Истакна дека она што ѝ треба на Србија за брз раст, повисоки плати и пензии е да има мир и стабилност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата