Авион се заби во далновод во САД, не смеат да го поместат (ВИДЕО)

28.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион се заби во далновод во САД, не смеат да го поместат (ВИДЕО)

„Двајцата претрпеа сериозни повреди и беа пренесени во болница“, рече Скот Голдстајн, началник на противпожарната служба на округот Монтгомери.

Откако добиле дојава за помал авион кој удрил во електричен столб, пожарникарите веднаш излегле на местото на настанот. Кога пристигнале, виделе авион како виси од столб на висина од околу 30 метри. Акцијата за спасување на патниците започнала во 17:30 часот по локално време.

Во приватниот авион биле пилотот Патрик Меркл (65) и патникот Јан Вилијамс (66). Пожарникарите биле во контакт со нив за време на спасувањето. Но, за да одат да ги земат, морале да чекаат да се исклучи столбот од мрежата.

„Тимот мораше да отиде горе и да провери дали има статички електрицитет или преостаната струја. Тие исто така требаше да го прицврстат авионот на структурата на столбот. Авионот не е стабилен додека не се врзе безбедно. Секое движење, секое случајно движење, можеше да им ја влоши ситуацијата.Маглата го комплицираше целиот процес“, изјави Голдстајн.

Федералната управа за авијација (ФАА) за Си-Ен-Ен изјавиле дека станува збор за авионот Муни, кој полетал од аеродромот во округот Вестчестер во Њујорк. Истрагата за инцидентот е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата