Се спрема НОВ „УДАР“ ЗА РУСИЈА – Деветти по ред

24.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се спрема НОВ „УДАР“ ЗА РУСИЈА – Деветти по ред

Европската унија работи на воведување на деветтиот пакет санкции против Русија како одговор на нападот на Москва врз Украина.

Ова го изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Финска, пренесува Ројтерс.

„Работиме напорно да ја погодиме Русија каде што боли дополнително да се оневозможи нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на 9-тиот пакет санкции“, рече фон дер Лајен на прес-конференција.

„И јас сум уверена дека наскоро ќе одобриме глобално ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери. Нема да мируваме додека Украина не победи над Путин и неговата незаконска и варварска војна“, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата