Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ беа добри пријатели, дури и снимија дует во 2014 - темата „Заблуда“. Но пријателството во меѓувреме им се распадна. Досега молчеа и не откриваа што се случило меѓу нив, но Тони реши да ја открие тајната.
„Имавме и концерт, па дојде до некои мали несогласувања. Не го прекинавме целосно пријателството, кога ќе се видиме се гушкаме, бакнуваме. Но не се дружиме колку што сакаме. Едноставно се разделивме на професионален план“, рекол Цетински.