Југо излета од патот Тетово-Скопје, двајца повредени (ФОТО)

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Југо излета од патот Тетово-Скопје, двајца повредени (ФОТО)

Две лица се повредени кога изутринава автомобилот со кој се превезувале, од засега непознати причини, излетал и се превртел покрај автопатот Тетово-Гостивар јавува Алсат.

Несреќата се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово. Освен полицијата, на местото на настанот биле забележани и противпожарни екипи и возила на Брзата помош. Се очекува обвинителството да го испита случајот.

Според досегашните сознанија, двајцата патници не се во животна опасност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата