Поради високите цени на струјата, граѓаните од Централна и Западна Европа планираат во текот на зимата, како птици, да мигрираат на југ во земји каде што енергијата не е толку скапа и да поминат неколку месеци таму наместо да трошат пари за затоплување на домовите.
Специјални понуди за „енергетските туристи“ подготвуваат хотелиери во Грција, Турција, Хрватска и Црна Гора. Со оглед на тоа што туристичката индустрија влезе во периодот од годината кога е намален бројот на гости.
Се проценува дека само една агенција ќе донесе повеќе од 58.000 гости од Германија во Дубровник.
Министерот за туризам на Грција, Василис Кикилијас ги повика германските пензионери летово да дојдат во Грција оваа зима за да го избегнат студот, бидејќи не им треба греење на море. Како што објави Билд, Грција на германските граѓани им нуди бегство од високите трошоци за енергија и греење.
Сè започна во Велика Британија, каде властите апелираа до граѓаните да ја поминат зимата во странство, за да им бидат помали трошоците за живот и да ја потиснат потрошувачката на енергија во нивната земја. Така оваа категорија туристи го доби името „енергетски туристи“, што влијаеше туристичката понуда на саемите да биде насочена во тој правец.
Канарските острови се првата дестинација во светот која ги пречекува „енергетските туристи“.
Во Црна Гора се надеваат дека ќе бидат „Канарски острови“ за туристите од Скандинавија, Велика Британија и Германија.
Покрај пензионерите, во пакет аранжманите за „енергетските туристи“ се вклучени и „дигиталните номади“, имајќи предвид дека има се повеќе далечни работници кои можат долго да престојуваат во странство.
Туристичкиот сектор во Шпанија има нова целна група: енергетските туристи, поточно „енергетските бегалци“: северноевропејците кои се поевтини во Шпанија во зимските месеци отколку кога ја плаќаат сметката за енергија дома.
Шпанија природно ја должи својата привлечност како дестинација за зимски одмор на својата привилегирана клима во споредба со остатокот од Европа. Зимите се многу поблаги отколку во посеверните земји. Ова особено се однесува на југот на земјата и на Канарските острови. Вториот со практично иста температура во текот на целата година.
Значително зголемување на резервациите од северноевропејците
Операторите на хотели и станбени комплекси во најсончевите и најтоплите региони на Шпанија, како што се Канарските Острови, Коста Бланка и Коста дел Сол, гледаат дека резервациите од Германци, Британци, Холанѓани и Скандинавци за наредните месеци вртоглаво се зголемуваат. Луѓето стравуваат од тешка зима поради студот, енергетската криза и инфлацијата.