,,Сите сме разочарани и ова не е фер!” Тоа се гласовите на публиката кои се изреволтирани од дисквалификацијата на младата македонска кандидатка од телевизиското шоу ,,Ѕвездите на Гранд.”
Кандидатката која неодамна го скрши мразот и прва настапи во ,,Ѕвездите на Гранд” е Валери Димовска (24) од Велес, Македонија. Таа за првиот круг на натпреварот ги избра песните „Хајде онда ништа“ од Тијана Богичевиќ и „Те сакам“ на Анастасија Ражнатовиќ, а потоа беше наградена со сите шест гласа.
Од друга страна, Вики Миљковиќ беше убедена дека изборот ќе падне на Цеца Ражнатовиќ – Бидејќи ја отпеа песната на Анастасија, но секако го направи вистинскиот избор, одлично е што го зема Ѓорѓе.
– Да беше од Грачаница, сигурно ќе ме избереше мене – се пошегува Босанецот. Ѓорѓе бил многу среќен поради ова и и рекол на кандидатката да се радува на соработката со неа.
А која е всушност Валери Димовска? Таа не и е непозната на нашата, домашната публика.
Велешанката Валери Димовска, на пошироката јавност и стана позната по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“ продолжуваше да реди одлични синглови, во областа на забавната музика.
Многумина, кога за првпат ја слушнаа во тоа реално шоу во кое се пееше, беа воодушевени од нејзиниот глас. Сè што е добро сработено го слуша и почитува, сè додека пораката што ја носи е добра.
Додава дека како и сè друго, и музиката треба да еволуира и да го радува, забавува и утешува современиот човек, објави за Валери за Црно-бело во една прилика. „Мислам дека на нас пејачите на забавна музика, кои творат најсовремени жанрови како трап и R&B ни фали сцена во Македонија.