Објавен е облас со кој, Кралот Чарлс Трети бара менаџер на градината во Бакингемската палата, кој ќе биде платен 40.000 фунти или нешто повеќе од 46.000 евра годишно. Со оглед на обемот на работа, потребното знаење и огромната одговорност, платата не е висока, но како што пишуваат англиските медиуми носи престиж и чест.
Познато е дека кралот е страстен љубител на природата, екологијата, селскиот живот и градинарството. Иако многумина мислеа дека приказната за разговорот на Чарлс со растенијата е само озборување за да се прикаже како ексцентричен англиски џентлмен, тој навистина е заљубен во нив. Додека сè уште беше принц од Велс, двапати го спомна во интервјуа за медиумите, првиот пат во 1986 година и повторно во 2012 година, пишува „Мондо.рс“.
„Застанувам и разговарам со нив, навистина. Многу е важно да разговарате со растенијата и тие да одговорат“, рече тој. Затоа во огласот бараат некој кој „страсно сака растенија“ да работи во палатата 39 часа неделно. Во огласот на кралската веб-страница се вели: „Како менаџер на градината, вие ќе бидете одговорни за одржување и презентирање на градините на Бакингемската палата на исклучителни стандарди. Ќе бидете горди кога ќе видите илјадници луѓе кои уживаат во нив на забавите во градината“.
Тие исто така бараат главен градинар и менаџер во градинка во замокот Виндзор. Мора да е некој со „страст за растенијата и луѓето“ и ќе заработува нешто помалку од колегата во Бакингемската палата, 38.000 фунти или 44.000 евра годишно.
„Како менаџер на градината, вие ќе бидете одговорни за одржување и презентација на градините и терените на замокот Виндзор и за управување со функционален расадник“, се вели во огласот. Оваа работа носи многу одговорности бидејќи вклучува грижа за историската градина Моат и специјална колекција на домашни и градинарски растенија од целиот имот, како и комерцијално производство на садници и кралско запечатено семе кое може да се купи од тамошната продавница. Конкурсот за работната позиција во служба на монархијата завршува на 3 ноември.