Сите Македонци се добредојдени ако се добронамерни, порача првиот човек на општината, Илко Стојанов, во соопштението до јавноста, објавено како одговор на зачестеното ширење невистини во медиумите и социјалните мрежи. Вели се работи за приватен настан во приватна просторија, кој ниту е забранет, ниту е дозволен од општината.
-Благоевград отсекогаш имал дух на гостопримство и бил центар на различни култури без никакво спротивставување меѓу нив. Сите граѓани на Македонија се добредојдени во Благоевград, се додека не го претвораат нашиот град во поле за пресметки, омраза и на политички изјави! , пишува градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, во писменото соопштение, објавено на сајтот на Општина Благовград.
По минатонеделната декларација на Советот на Општината, во која отворањето на клубот го прогласија за антибугарска провокација, претседателот на Советот сега појаснува дека целта било правовремено да се алармира за да нема тензии или говор на омраза.
-Ќе го цитирам она што излезе како најава за создавањето на овој центар: „Овој центар треба да го води Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која си поставила за цел „да ги штити правата на угнетеното македонско малцинство во Бугарија, Радослав Тасков, претседател на Советот на Општина Благоеврад.
Протест против отворањето на клубот денеска најавија од ВМРО-БНД на контроверзниот Ангел Џамбаски, за како што порачуваат да се спротивставата на српските марионети во Скопје. Жителите пак, со поделени мислења.
-Не треба да дозволат во центарот на градот таков клуб. ,жител на Благоевград.
-Како што таму има бугарски, и тука нека има. , жител на Благоевград.
Други пак, очигледно имаат поголеми грижи, како да се истурка месецот со храна и намирници. Како што објави БНТ, жителите на Благоевград се почесто за пазарење го избираат Делчево, кое е оддалечено 40 километри.
-Како цени се поевтини од нашите, но најголем впечаток ми остави квалитетот. Имаат вистинско месо, вистинско сирење. Кашкавалот им е многу убав. Кога правиме пица со наш кашкавал и кашкавал од Македонија, се гледа разликата. , вели жител на Благоевград.
-Се организираме со пријатели. Одиме, полниме торбите и издржуваме подолго време. Во Бугарија е скапо. , вели жителка на Благоевград.
Темата околу отворањето на клубот Никола Вапцаров засега минува без реакции од офијална Софија.