ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА која ја потресе Битола: Двајца мажи пронајдени мртви кај местото викано „Сребрена вода“

26.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА која ја потресе Битола: Двајца мажи пронајдени мртви кај местото викано „Сребрена вода“

Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, Битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола.

Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола.

Утврден е идентитетот на починатите, станува збор за А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Инаку, не е ретка појавата, на изворите за кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, лица кои полнат вода поради гас во околината на изворите да го изгубат својот живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата