Инфлацијата ќе ги остави Германците БЕЗ СКИЈАЊЕ

24.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инфлацијата ќе ги остави Германците БЕЗ СКИЈАЊЕ

Истражувањето на YouGov покажува дека на Германија дефинитивно и се заканува рецесија, заради што веројатно помал број Германци во наредниот период ќе одат во скијачките центри или други места за зимска рекреација, бидејќи сакаат да заштедат пари во услови на инфлација.

Речиси половина од оние кои редовно одат некаде на зимски одмор – велат дека годинава ќе го прескокнат ритуалот или ќе најдат поевтина опција, покажа истражувањето на YouGov.

Околу 23% од испитаниците изјавиле дека би ги намалиле плановите за одмор, додека 26% целосно би ги откажале. Само четвртина не планираат да ги променат плановите за зимата, се додава понатаму во истражувањето спроведено од компанијата Schöffel.

Кога станува збор за идеи за намалување на трошоците, испитаниците предложиле пократки одмори, намалување на скијачките активности или одење на место поблиску до нивниот дом. Дополнителните области на заштеда вклучуваат помалку патувања во ресторани и помалку излегувања.

Во истражувањето спроведено од 19 до 21 септември учествувале 2.041 лице.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата