На повеќе од 30 возила на автопат истовремено им се дупнаа гумите! Случајност или не?

22.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На повеќе од 30 возила на автопат истовремено им се дупнаа гумите! Случајност или не?

Необична сцена на автопатот 405, во близина на Малхоланд Драјв во Лос Анџелес. На снимката се гледа долга низа автомобили во лентата за сопирање.

Било утврдено дека на сите возила во исто време им се дупнале гумите. Некои од нив се обидуваат да се снајдат сами, а станува збор за возачи кои имале среќа да им се дупне само една гума.

Како што пренесува „Eyewitness News“ од сообраќај привремено биле исклучени 36 возила. Добра вест е дека поради овој инцидент не се случила ниедна сообраќајка, како и дека нема повредени.

Калифорниската полиција претпоставува дека станува збор за ненамерна несреќа која веројатно се случила бидејќи на камион во движење му испаднала кутија со шајки или некои други остри предмети.

Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата, но во секој случај ова било многу опасна ситуација во сообраќајот. Дупната гума при голема брзина може да предизвика тешка несреќа.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата