Руската армија уништи баталјон од украински војници кој бил опремен со македонски и словенечки тенкови.
Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криворож.
Имено, агенцијата РИА Новости на социјалните мрежи објави видео од запалени тенкови кои пристигнале во украинската армија од Северна Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.
Видеото можете да го погледнете на следниов ЛИНК
На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ, исто така запалени.
Да потсетиме, Словенија и подари на Украина 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.
„Словенија и Германија на овој начин ја поддржуваат Украина“, изјави тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.
Во исто време, Северна Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор.
Сепак, медиумите тогаш објавија дека се работи за тенкови од трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.