На самитот на ЕУ беше постигнат договор дека секое идно ограничување на цената на гасот нема да важи за 15-годишниот договор што Унгарија го има со руски Гаспром.
Орбан на својот Фејсбук профил изјави дека „Унгарија е изземена од ограничувањата за цената на гасот, така што тоа нема да ја загрози безбедноста на Унгарија во однос на снабдувањето со гас“, објави Ројтерс.
Тој најави и дека доколку има заедничка набавка на гас за Европа, „тоа нема да биде обврзувачка за Унгарија“.
Претходно унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија не гледа причина да продолжи со усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија.
– Нашиот став е кристално јасен. Не гледаме рационална причина да се оди на уште еден пакет санкции, особено кога станува збор за енергијата. Енергијата е јасна црвена линија за нас. Не сме подготвени да го принудиме унгарскиот народ да ја плати цената на војната за која тој апсолутно не е одговорен – изјави унгарскиот министер за медиумите.
– Секако, доколку се предложи нацрт, ќе учествуваме во дискусијата, но нема да се согласиме на ништо што е против нашиот национален интерес – додаде унгарскиот министер.