Брокерот за недвижнини Џејсон Опенхајм (45) не дозволува ништо да го поколеба во неговата нова љубов, па ни висината на девојка му Мари Лу Нурк, која е дури 17 сантиметри повисока.
Тајкунот е виден во Западен Холивуд како се качува на две скали за да може да ја бакне Мари Лу додека таа трпеливо го чекала бакнежот.
Инаку, парот привлекува големо внимание токму поради нивната физичка нескладност, но тоа не го спречува Џејсон да ја покаже својата голема љубов.
Мари Лу и Џејсон почнаа да се забавуваат летово, кога беа фотографирани заедно на одмор во Миконос и оттогаш се неразделни.
Богатиот брокер претходно, односно пред Мари Лу, неколку месеци се забавуваше со Кристин Квин, но раскинаа затоа што Џејсон не сакаше деца. Но, сега Џејсон сака Мари Лу да му роди дете, додека таа вели дека не планира мајчинство најмалку 10 години.