ДИМСА ДО ПАВЛЕ: Еве ти шанса да се бориш за демократијата, а да не си послушник на СДСМ

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДИМСА ДО ПАВЛЕ: Еве ти шанса да се бориш за демократијата, а да не си послушник на СДСМ

Вечерва во Топ Тема на ТВ Телма гостуваат портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Павле Боговески и Лилјана Поповска „ДОМ“.

Емисијата почна со прашањето за оставките на пратениците кои беа констатирани во Законодавниот Дом на двајца пратеници, меѓу кои и оставката на пратеникот Павле Богоевски. За својата оствака Богоевски истакна дека ја донел од морални причини и по барање на граѓаните на кои им служел. По неговата изјава среќа во понатамошното демократско делување му посака портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски, кој му потенцира на Богоевски дека сега му е шансата да се бори за таа демократија за која од секогаш се борел.

 

Секоја чест за оставката. Еве ти ја шансата за демократско делување за кое толку велиш дека се бореше, многу е полесно да се работи како граѓански активист отколку како пратеник, како што кажа и сам. Потешко е секако да ги слушаш наредбите од СДСМ. Ти посакувам среќа, му рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Павле Богоевски.

 

Арсовски не ја пропушти шансата и да истакне дека покрај пратеничката оставка на Богоевски како дел од СДСМ , ништо спектакуларно, барем како што беше најавувано не се случи со метлата која требаше да опфати и министри и други високи функционери на влста.

 

Сметам дека треба многу повеќе за да се понесе одговорност, не се случи и некоја метла. Повторно се бираат претседатели на општинска организација, половина и повеќе од нив останаа и се на истите позиции, додаде Арсовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата