Филипов: Мала веројатност Меркел да даде зелено светло пред есен за Македонија

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипов: Мала веројатност Меркел да даде зелено светло пред есен за Македонија

Недоумиците во Брисел и во главните градови на локомотивите на Европската унија може да предизвикаат нова политичка криза во Македонија. Заев веќе се пожали дека ќе си поднесе оставка и ќе ја распушти Владата ако сега ова лето не ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Работите ќе бидат појасни кон крајот на оваа недела кога Заев ќе се сретне во Меркел во обид одлуката на претстојниот Совет на Европа за давање зелено светло да не одложува, особено не за наесен кога во Грција на власт повеќе од сигурно е дека ќе дојде Мицотакис кој се заканува со ново вето. Амбасадорот Ѓорги Филипов кој беше прв дипломат токму во Берлин за „Фактор“ вели дека мала веројатност е Ангела Меркел да даде „зелено светло” за отпочнување на преговрите на РС Македонија со ЕУ, пред септември/октомври 2019.  Филипов вели дека треба да се исполнат три услови за да постои надеж.

Како се однесува и како ќе се однесува германската влада на претстојниот Советот на Европа зависи од три клучни услови: 1) Постоење препорака од Европската Комисија и Европскиот Парламент; 2) Постоење заклучок на германскиот Бундестаг; и 3) Постоење согласност кај останатите земји членки на ЕУ.  Првиот услов е веќе исполнет затоа што, Европскиот парламент, по препорака на Европската комисија веќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на ЕК со Северна Македонија и Албанија. Вториот услов не е исполнет бидејќи Бундестагот сѐ уште нема расправано по таква точка на дневниот ред. Тој расправаше за приклучување на Македонија кон НАТО и таквиот предлог беше усвоен со огромно мнозинство. Од опозиционите партии на Зелените, Либералите, АфД (Алтернатива за Германија) и Левицата, точката за НАТО беше искористена  за напад врз владеачките ЦДУ/ЦСУ поради нивна измама кон Северна Македонија. Владечката СПД (Социјал-демократска партија на Германија, помалата членка на коалицијата ЦДУ/ЦСУ и СПД), исто така ја искористи расправата за промоција на потребата од усвојување на предлогот за отпочнување на преговорите со двете земји особено со Северна Македонија.  За да стави таква точка на дневен ред Бундестагот има шанса до 18ти јуни 2019, кога ќе се одржи Советот на министри за надворешни работи на ЕУ за време на Генералниот совет за општи прашања (ГАК). Иако е времето многу кусо, постои теоретска можност, но, од искуство, Бундестагот по прашања на надворешна политика врзани со ЕУ не си дозволува донесувања одлуки под притисок и без јасна претстава како гледаат на тие прашања останатите членки на ЕУ. Значи, вториот услов, не е исполнет, иако постои теоретстка можност да се исполни. Третиот услов (согласност кај сите земји членки на ЕУ), исто така, не е исполнет. На инсистирање на Франција, за да не влијае на резултатите „Извештајот за напредокот” на земјите кандидати беше објавен после изборите за Европскиот парламент. Познато и дека и кај две други земји во Унијата постои сомнеж кон Албанија и Северна Македонија (Холандија и Данска) во однос на изјаснувањето за преговори, бидејќи им треба подолго време за размислување. Токму затоа некои ЦДУ парламентарци прогнозираат дека  одлуката ќе се донесе во октомври 2019, што би било доволно француските власти на чело со Емануел Макрон да се уверат во потребата од почнување на преговори и да ги залечат раните од лошите резултати на европските избори. Оттаму, одговорот на вашето прашање е: постои мала веројатност германската влада, односно Ангела Меркел да даде „зелено светло” за отпочнување на преговрите на РС Македонија со ЕУ, пред септември/октомври 2019, истакнува  Амбасадорот Ѓорги Филипов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата