(Видео) Ловец „су-27“ пресретна НАТО-авиони во близина на руската граница

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Ловец „су-27“ пресретна НАТО-авиони во близина на руската граница

Руското министерството за одбрана на „Јутјуб“ објави видео од пресретнување на два авиона на НАТО. До оваа блиска средба дошло пред два дена, на локација некаде над Балтичкото Море, недалеку од руската граница.

Како што пишуваат Русите, во неутрална област недалеку од руската граница биле забележани два авиона. Поради тоа, ловец од типот „су-27“ бил испретен на тоа место. Авионот, според податоците од министерството, се приближил на безбедно растојание и леталата ги идентификувал како авиони на НАТО.

Како што се наведува во соопштението, рускиот авион го спречил влезот на леталата во рускиот воздушен простор, но исто така се нагласува дека целата операција била во согласност со меѓународните прописи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата