(Видео) На снимка „уловен“ британски криминалец кој демолирал затвор и претепал полицајци

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) На снимка „уловен“ британски криминалец кој демолирал затвор и претепал полицајци

Надзорните камери во британскиот затвор Фул Сатон во провинцијата Јоркшир снимиле насилни немири на затворениците. Оваа побуна се случи во август минатата година, а сега во јавноста се појавија снимки од истата, бидејќи во тек е судењето на еден од водачите на бунтот.

Побуната траела осум часа, а полициските службеници во таа прилика употребиле пиротехника за да го спречат дивеењето на затворениците.

Во бунтот учествувал и 38-годишниот Џон Онјенајчи, кој во тоа време бил осуден за обид за убиство на двајца полицајци во 2010 година во Лондон.

Онјенајчи, кого полицијата во една прилика го опиша како еден од најопасните британски криминалци, направил штета од повеќе од 15.000 фунти, демолирајќи ја затворската опрема.

На видеото се гледа како овој криминалец неколку пати удира затворски стражари од зад грб. Во тој момент еден од полицајците заклучуваше врата во затворот. Потоа и други затвореници ги нападнаа полицајците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата