БУЧКОВСКИ ПЕСИМИСТ – очекува датум, но „НЕ ОВОЈ ВТОРНИК, СЛЕДНИОТ ПЕТОК“

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БУЧКОВСКИ ПЕСИМИСТ – очекува датум, но „НЕ ОВОЈ ВТОРНИК, СЛЕДНИОТ ПЕТОК“

Би било големо изненадување ако нашиот премиер добие ветување од канцеларката Меркел дека во јули би можеле да добиеме датум за преговори. Максимално што очекувам да се добие уверување од канцеларката Меркел дека на јунскиот или јулскиот самит ќе има условно речено квалификација дека во октомври Македонија треба да знае кога ќе почнат преговорите“, вели во интервју за Пресинг ТВ, поранешниот премиер Владо Бучковски.
Во однос на изјавите од премиерот Заев ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите дека тоа може да поттикне враќање на националистичките структури, Бучковски вели:

Изјавата дадена од премиерот пред десетина дена во Брисел не оди во правец на обединување на власта и опозицијаат околу европските интеграции. И мислам дека и европските лидери не подлегнуваат на такви условно речено „закани“, дека ако ние не го добиеме сега датумот ќе дојдат националистите. Јас го гледам во поширок контектст, ќе биде охрабрен национализмот воопшто во овој дел од Европа, во Западен Балкан. Ова што треба да се реши позитивно за Македонија, ќе биде позитивен сигнал за Белград и Приштина да го решат проблемот“.


Целото интервју ТУКА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата