Рекордно високи температури во Индија, загинаа 36 лица

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордно високи температури во Индија, загинаа 36 лица

Индија e погодена од топлотен бран во кој измерени се рекордни 51 Целзиусов степен, а 36 лица загинаа, најмногу сиромашни работници, соопшти денеска државната служба за вонредни состојби, предупредувајќи дека рекордни температури се забележани во повеќе индиски држави во споредба со претходните години.

Во Њу Делхи се измерени 48 степени, а 51 степен беа измерени во државата Раџастан, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Ова е најлошиот топлотен бран досега. Сличен бран во 2015 година беше забележан во девет држави, а сега се проценува дека погодени се дури 23“, изјави метеоролог од Националната служба за непогоди.

Тој потврди дека поради топлото време регистрирани се 36 смртни случаи, најмногу меѓу слабо платените работници кои доаѓаат од руралните средини во градовите барајќи работа и подобар живот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата