Тамара може имаше најгрд фустан, ама затоа има НАЈДОБАР ГЛАС!

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тамара може имаше најгрд фустан, ама затоа има НАЈДОБАР ГЛАС!

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал на годинешното евровизиско издание, кое се одржа минатиот месец во Израел, својот глас го дале за нашата претставничка Тамара. Ова е прво вакво признание за нашата земја. 

Зад Тамара се пласирале Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар. Во категоријата за најдобра песна, пак, наградата и припадна на победничката „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија. Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и Италијанецот Махмуд на третото место. Норвежаните „КЕИНО“ се прогласени за најдобра група. Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и гледачите на евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата