ПОСЛЕ РЕШЕНИЕТО ЗА САМОИЛ Владата се надева дека и за ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ СЕ НАЈДЕ ПРИЈАТЕЛСКО РЕШЕНИЕ

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОСЛЕ РЕШЕНИЕТО ЗА САМОИЛ Владата се надева дека и за ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ СЕ НАЈДЕ ПРИЈАТЕЛСКО РЕШЕНИЕ

По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, портпаролот на Владата Мухамед Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателство и добрососедство меѓу нашите држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата