ЛАДЕН ТУШ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ОД ТУСК: НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (ВИДЕО)

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛАДЕН ТУШ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ОД ТУСК: НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ (ВИДЕО)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Брисел оствари билатерална средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. 
Претседателот Пендаровски се заблагодари на огромната и безрезервна поддршка на претседателот на Европскиот совет и неговите лични заложби и напори за добивање на датум за почеток на преговорите за Северна Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека во изминатите две години, државата донесе тешки и храбри одлуки за многу чувствителни прашања и покажа како можат да се решат отворените прашања во регионот во духот на добрососедството.
Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија презеде одлучни чекори и во исполнување на реформската агенда со што ја покажа својата посветеност на евроатлантските процеси.

На прес конференцијата во својата изјава, претседателот на Европскиот совет Туск рече дека договорите што ги постигна Северна Македонија со Бугарија и со Грција се историски и можат да бидат пример во регионот. Туск посочи дека државата направила се што треба и се што се очекувало од неа, и, местото на Република Северна Македонија е во Европската унија.

- Морам да напоменам дека нема заклучок од сите земји-членки за добивање датум за почеток на преговорите, иако не можа да ја прејудуцурам одлуката на европскиот совет. Но, н ајчесто им треба повќе време него што јас би сакал, изјави Туск.

Претседателот Пендаровски изјави дека во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата