Протестите во Хонг Конг денеска ескалираа. Полицијата ги нападна демонстрантите со солзавец и палки за да ги спречи да упаднат во зградата на парламентот. Демонстрантите ги блокираа улиците околу парламентот и ја гаѓаа полицијата со цигли.
Во нередите има и повредени, а на терен се и возила на итната помош.
Засега нема точен број за тоа колку луѓе се излезени на улиците, ниту колку се повредени. Меѓу демонстрантите се претежно млади луѓе облечени во црно, кои поставиле барикади бидејќи се подготвуваат да останат подолго време на тоа место. Тоа потсетува на продемократските протести во 2014 година во оваа поранешна британска колонија.
Mtr panic as teargas enters the mtr station! pic.twitter.com/RP7AerYcdz
— LostDutch (@lostdutchhk) June 12, 2019
Како што пренесува Би-би-си, луѓе плачат, вриштат и се гушат од солзавецот на полицијата, која пука по нив со гумени куршуми. Чадот од солзавецот влегол дури во подземната железница.
извор: Makfax