Од средата ова е втора поморска несреќа во којашто страдаат мигранти. Бродот потонал источно од Лезбос, во близина на турскиот брег.На бродот кој потонал се наоѓале 40 луѓе, соопшти грчката крајбрежна стража додавајќи дека од нив се спасени девет лица.
Од морето се извлечени 17 тела, а се трага по уште 14 луѓе.Во несреќата од ден претходно, грчките власти успеаја да спасат 30 мигранти чиј брод потонал, откако во текот на бура удрил во карпи во близината на островот китира во јужна Грција.