Драган Тилев, државниот советник на Секретаријатот за европски прашања, е нов член на Управниот одбор на „Винарска визба Тиквеш“. Најголемата винарија во Македонија ваквата одлука ја донела на 29 септември. Тилев инаку е познат во јавноста како експерт со меѓународни контакти зад себе кој најдобро ја познава технологијата на процесот на преговори со Европската Унија.
Тилев е државен советник за европски политики и координација, а особено е активен во јавноста со почетокот на претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ и почетокот на усогласувањето на европското законодавство со македонското. Поранешниот советник во Министерството за надворешни работи ги следи преговорите со ЕУ кои формално се започнати со отворањето на Меѓувладината конференција
Тој во хиерархијата на Секретаријатот за европски прашања е веднаш под вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. СЕП е основан како посебна стручна служба на Владата. Формирањето на Секретаријатот е резултат на потреби кои произлегуваат од интензивирањето на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и исполнува неколку клучни надлежности во оваа стратешка цел.