Ужас во Србија: Татко си ја задавил 2- годишната ќеркичка и телото го фрлил во канал

4.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Србија: Татко си ја задавил 2- годишната ќеркичка и телото го фрлил во канал

Откако ја убил ќерката, се самоубил. Марко Б. пред убиството наводно ѝ испратил порака на сопругата со која бил во процес на развод. Во пораката пишувало дека ќе се убие себеси и детето.

Нова.рс пишува дека Центарот за социјални работи го доделил детето на мајката и дека наводно Марко првпат го видел детето.

Веднаш штом ја прочитала пораката, жената повикала полиција, но веќе било доцна. Трагедијата се случила во семејната куќа на улицата Војнички трг во Вршац.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата