Samsung Galaxy M40 објавен: Infinity-O дисплеј, Snapdragon 675 чипсет

12.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy M40 објавен: Infinity-O дисплеј, Snapdragon 675 чипсет

Samsung ја прошири својата М-линија на телефони, а најновото дополнување e Galaxy M40. Телефонот и официјално го има дисплејот Infinity-O, три камери на задната страна и Snapdragon 675 чипсет.

Samsung Galaxy M40 користи 6.3-инчен PLS дисплеј, со отвор во горниот лев агол за selfie камерата од 16MP. Во отсуство на традиционална слушалка, телефонот користи технологија на звук на екранот што го трансформира екранот во звучник.

Телефонот користи Snapdragon 675 чипсет во тандем со 6GB RAM меморија и 128 GB простор за складирање, која може да се прошири до 512GB со microSD картичка. Батеријата е со капацитет од 3500mAh и се полни со помош на 15W полнач, кој е компатибилен со USB-C.
sam2_269.jpg
На задната страна има 32MP главна и 8MP ултра широка камера, кои се надополнети од сензорот за длабочина од 5MP. Телефонот може да снима видео со 4K резолуција, и е способен за Super slow-mo @ 240fps. Традиционалниот сензор за отпечатоци е исто така лоциран на задната страна.

Samsung Galaxy M40 ќе биде достапен во Midnight Blue и Seawater Blue бои, со почетна цена од околу 290 долари (индиски пазар). Цената и достапноста на другите глобални пазари не се објавени.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата