ПРЕД БАНКРОТ НА 16.000 ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ Експлозивните трошоци за енергија го запираат производството

2.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕД БАНКРОТ НА 16.000 ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ   Експлозивните трошоци за енергија го запираат производството

Над 15.000 германски продавници се соочуваат со банкрот поради зголемените трошоци за енергија. Ова го објави Spiegel, повикувајќи се на Германското здружение за малопродажба (HDE).

Според извештајот, ХДЕ напиша писмо до вице-канцеларот и министер за економија Роберт Хабек во кое предупредува дека “експлозивните трошоци за енергија“ ги оневозможува сè повеќе трговци на мало да врзат крај со крај.

Со оглед на остриот пад на куповната моќ на приватните домаќинства и рекордната висока инфлација, тешко дека ќе биде возможно да се пренесат зголемените трошоци за енергија на потрошувачите, велат тие.

Затоа здружението го повика Берлин да интервенира со привремено ограничување на тарифите и намалување на даноците за електрична енергија на минимум.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата