Владика ПИМЕН се судри со ЛГБТ заедницата: ЈА ПРЕТЕРАА (ФОТО)

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владика ПИМЕН се судри со ЛГБТ заедницата: ЈА ПРЕТЕРАА (ФОТО)

Владиката на МПЦ Пимен е револтиран од навредите кон христијанството искажани на ЛГБТ настан во Скопје на кој е прикажана навредлива фотографија за верниците.

Митрополитот Пимен важи за еден од најлибералните владици на МПЦ.

“Ќе кажам дека ја претерале, дека ни ги повредуваат чувствата христијански и веројатно ќе бидам искритикуван од истите дека сум конзервативен хомофоб.

И ќе сум се додека во име на вашите слободи на сексуална определба мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува.

Гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате. Верувајте си дека има на што да сте горди, ама малку и остет имајте.

Верувам дека осудување на овој чин ќе има и во самата ЛГБТ заедница, бидејќи познавам многумина од нив и никој од нив не спомнал дека мора да го исмева христијанството за да биде респектиран член на истата заедница. За илустрација еве до кај им оди слободата”, порача јавно митрополитот Пимен кој ја објавува фотографијата со која на ЛГБТ настанот во Скопје се навредуваат христијаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата