Шокантни сведоштва: Медиумско-политичка банда изнудува пари од бизнисмени

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантни сведоштва: Медиумско-политичка банда изнудува пари од бизнисмени

Постои ли опасна медиумско-политичка банда, која изнудува пари за рекламирање.. Секојденвено се споменуваат примери и нови сведоштва за кои досега нема докази, но според некои информации постојат и аудио и видео снимки.

Во новинарските и политичките кулоари деновиве тема број еден се информациите за постоење на спрега составена од една телевизија и функционери кои со закани и уцени изнудуваат пари од бизнисмени, објави Канал 5.

За еден таков случај во својата последна колумна пишува и новинарот Бранко Геровски. Случката била во хотел во еден туристички центар, а на средбата присуствувале  сопственик на хотелот кој бил и политички истакнат, потоа двајца членови на раководството на неговата партија, сопственикот и уредникот на медиумот како и бизнисменот жртва на изнудата.  Од него било побарано да склучи годишен договор за рекламирање, а тој откако ги ислушал изразил подготвеност да одвои четири до пет илјади евра. Но, на ова жестоко реагирал сопственикот на медиумот во текстот наречен со псевдонимот Коки, име за кое Геровски пишува дека совршено би му одговарало.

– Штоооооо?!!! – Што е ова вие со мене ли ќе се зафркавате ? Јас за годишен договор не разговарам за сума под двесте илјади евра!  – извикал сопственикот на медиумот.

Оваа приказна според пишувањето на Геровски се завршила добро за жртвата, но вели дека има многу кои ја платиле бараната сума.

– Велат дека ова „двесте илјади евра“ овој познат лик го има изговорено во повеќе слични прилики, со истиот бесен, пискав и феминизиран тон,  пишува во текстот.

За овие информации во синоќешното интервју на „Топ тема” беше прашан и лидерот на опозицијата Мицкоски.

Има написи дека постои група одредена блиска до власта која рекетира сопственици бизнисмени газди на хотели заедно со одреден медиум, тоа се шпекулации, но дали вие како опозиција имате такви сознанија, сте работеле на таква истрага и дали нешто сте дознале во врска со тоа?

– Еве ќе ве потсетам, јас прв го отворив сомнежот, на една ваква дебата, со еден новинар, на една телевизија – вели Мицкоски.

Дали вие знаете за што се работи?

– Замислете на ден пред изборите по допрен глас ДКСК отвори истраги за мене , за овој за оној , итн, а никако по допрен глас да отвори истрага за ова, еве што не отворат истрага, што не отвори Јавното обвинителство истрага по допрен глас истарга – праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За што всушност се работи за каква спрега?

– Сега, како да Ви кажам би бил несериозен да навлегувам во подлабинско коментирање на ова кое навистина ќе биде срам за македонската држава кога ќе се објави – рече Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто за кое говори постави  јавно прашање дали е точно дека има медиуми кои делат дел од платата на рака , а сомнежи дека еден медиум се злоупотребува за изнуда на спонзорства кажа во изјавата даденапос средбата со коалиционите партнери на 13-ти март.

– Јас имам индиции дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и се користи нејзината позиција во комуникација на потенцијални спонзори на таа телевизија – изјави ртогаш Мицкоски.

Канал 5 се обрати до МВР и до Основното јавно обвинителство, но од таму за сега нема информации за одредена постапка.

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрла обвинувањата на бизнисменот Зоран Азманов дека му побарал рекет од 50.000 евра.

Пресс24, 21.01.2019

– Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор – вели Јовановски.

Тој истакнал дека Азманов не сакал да даде снимена изјава, а емисијата не оди во живо, па затоа и не може да се даде изјава во живо.

Во однос на тоа зошто во најавата за емисијата се споменуваат конкретни имиња, а доказите за наводниот криминал ќе бидат презентирани по еден месец, Јовановски вели дека тоа е во согласност со форматот и лиценцата на емисијата.

– Ако Азманов е сигурен во своите тврдења, нека тужи – вели Јовановски.

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на Настел ДООЕЛ, тој денеска на прес конференција кажа дека против сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.

Азманов на средбата со новинарите објасни дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50.000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“. Азманов го пријавил случајот во полиција, односно поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата