Рама: Сонувам за нешто големо, а тоа не е голема Албанија

11.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама: Сонувам за нешто големо, а тоа не е голема Албанија

Албанскиот премиер, Еди Рама вечерва изјави дека сонува за нешто поголемо, а тоа не е голема Албанија туку голема Европска Унија со Србите, Македонците и Албанците во неа.

По средбата со претседателот на ЕК, Жан Клод-Јункер, на прашање на новинската агенција „Танјуг“ дали обединувањето на Албанија и Косово е некоја конкретна стратегија или вид на притисок врз дијалогот помеѓу Белград и Приштина, но и самата ЕУ, Рама изјави дека тој говори за нешто големо и додаде дека тоа не е „Голема Албанија“, туку голема ЕУ со Србите, Македонците и Албанците во неа.

Како што наведе Рама, земјите од Западен Балкан се во внатрешноста на европските граници, но се како орган кој се влече по телото и не е на своето место.

„ЕУ мора да одлучи што ќе прави со тие органи. Дали ќе ги пушти да искрвават или ќе ги прими како дел од телото и ќе ги постави сите на своето место“, порача Рама.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата