Ердоган: Од 2016 од Турција во Сирија се вратиле над 500.000 бегалци

1.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Од 2016 од Турција во Сирија се вратиле над 500.000 бегалци

-Од почетокот на нашите прекугранични операции во Сирија во 2016 година, околу 526.000 бегалци се вратија во безбедните зони што ги воспоставивме во северна Сирија, рече Ердоган во турскиот Парламент.

Турскиот претседател пред неколку месеци изјави дека се подготвува доброволно враќање на околу еден милион сириски бегалци. Во Турција се регистрирани 3,7 милиони бегалци од Сирија.

Ердоган се залага за продолжување на финансирањето за домување и инфраструктура во северозападна Сирија, каде што е распоредена турската војска.

Прашањето за пречекот на сириските бегалци стана главна тема во Турција, осум и пол месеци пред претседателските избори, во моменти кога земјата се соочува со голема економска и монетарна криза. Опозициските партии редовно ги повикуваат властите да ги депортираат милионите Сиријци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата