Средношколец од Сараево загина денеска паѓајќи од прозорецот во хотел во Прага, јавуваат медиумите во БиХ.
Седумнаесетгодишниот ученик од средното техничко училиште за графичка технологија, дизајн и мултимедија загинал по падот од хотелскиот прозорец во Прага, каде учениците престојувале на екскурзија, потврди директорот на училиштето.
Во тек е увид кој го врши чешката полиција.
извор: Makfax