Ковачки: Дали Ковачевски ја злоупотребил моќта на неговиот чичко ЗА ДА СЕ НАПИШЕ ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН

28.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ковачки: Дали Ковачевски ја злоупотребил моќта на неговиот чичко ЗА ДА СЕ НАПИШЕ ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН

Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска. Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

– Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово? – прашува тој.

Ковачки исто така прашува дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?

– Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?  Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност, потенцира тој.

Ковачки нагласи дека народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата